Сеноќно бдение во Струмица (01.01.2023 09:46)
На 1 јануари 2022 година, кога се празнува светиот маченик Бонифациј и свети Григориј Омиритски, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.