Илинденско послание
Од историјата
на МПЦ
МПЦ денес
МПЦ Актуелно
Вести од православниот свет
Православен
календар
Евангелие и поука за денес
Од Преданието на светите Отци
Преминпортал
Други православни линкови
Епархии / Манастири
Црквата е една. Господ не востанови многу цркви, туку една. А таа една Црква се поистоветува со единственото Тело на единиот Христос. Но, заради тоа што таа една Црква се остварува, се пројавува и иконично се изобразува во евхаристиската заедница возглавена од Епископ, таа, според природата на нештата, се појавува како многу Цркви, зашто незамисливо е да постои една евхаристиска заедница за цел свет.
Таму каде што верниците се собираат „на едно место“ околу својот Епископ за да го совршат евхаристиското собрание, таму се остварува и севкупното Тело Христово, односно таму се возглавува тајната на Божествениот домострој и во потполност се изобразува Царството Божјо. Затоа ние зборуваме за една Црква, којашто е составена од мноштво локални цркви. Исто така, заради тоа што секоја локална црква во којашто се совршува Светата евхаристија претставува потполно Тело Христово, секоја таква локална Црква е, треба да биде и може да се нарече севкупна, потполна Црква.
Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува цело Тело Христово, зашто поимот Црква се засновува на Светата евхаристија.
Единството на локалната и универзалната (Соборната) Црква не е некакво единство во ‘колективност’ (каде што локалните Цркви би сочинувале ‘делови’ од една поголема ‘целина’), туку е благодатно единство во идентитет, каде што сите локални епископски Цркви, во светата Евхаристија, се поистоветуваат меѓусебно и со Телото Христово, односно и со онаа првобитна Апостолска Црква во Ерусалим и со есхатолошката Црква на Невечерниот ден на Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан е центар на соборниот живот и единство, како во својата локална Црква, Скопската Епархија, така, како прв по чест меѓу еднаквите во Синодот, и на целата наша Македонска Православната Црква - Охридска Архиепископија. Тој е нераскинлива алка во синџирот на соборното единство на Eдната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
Заштитени авторски права © Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија 2014 година. Сите права се задржани. Строго е забрането копирање, повторно дистрибуирање, издавање или менување на кој било материјал што се наоѓа на веб-страницата на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, без претходна писмена согласност.