Преспанско-пелагониската епархија денес се протега на теритотијата на градовите: Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и Крушево. Нејзин администратор е Неговото Високопреосвештенство митрополитот Австралиски и Новозеландски г. Петар.
Во оваа епархија возобновен е монашкиот живот во следните манастири:
- Св. Архангел Михаил, Варош, Прилеп
- Св. Преображение, с. Зрзе, Прилепско
- Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, Прилепско
- Успение на Пресвета Богородица, с. Јанковец, Ресенско
- Рождество на Пресвета Богородица, с. Сливница, Преспа
- Св. Јован Крстител, с. Слепче, Демир-Хисарско
- Св. Атанасиј, с. Журче, Демир-Хисар
- Св. Христофор, Битолско