Македонската православна црква денес
 
 
 
 
 
Неговото Блаженство,
Архиепископот Охридски и 
Македонски г.г. Стефан

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), претседава
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

Останатите членови на Синодот се:

  • Митрополит Преспанско-пелагониски
    и Aдминистратор Австралиско-новозеландски г. Петар

  • Митрополит Дебарско-кичевски
    и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј

  • Митрополит Струмички г. Наум

  • Митрополит Повардарски г. Агатангел

  • Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005)

  • Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 2. 10. 2005)

  • Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006)

  • Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф (хиротонија: 7. 10. 2012)

  • Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј (хиротонија: 29. 07. 2020)




    Останати архиереи на МПЦ-ОА, кои не се членови на САС се:

  • Поранешен Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)

  • Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА

  • Епископ Стобиски, г. Јаков (хиротонија:, 25. 11. 2018)

  • Епископ Антаниски и игумен на Свештениот Бигорски манастир, г. Партениј (хиротонија: 12. 07. 2020)

  • ЕПАРХИИ на МПЦ – ОА на територијата на Р. Северна Македонија и во дијаспората:

МПЦ-ОА пастирски е организирана во 12 епархии, од кои 8 на територијата на Р. Северна Македонија, и 4 во дијаспората:

1. Скопска епархија, возглавена од Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан;

2. Преспанско-пелагониска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Петар;

3. Дебарско-кичевска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј;

4. Струмичка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Наум;

5. Повардарска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Агатангел;

6. Американско-канадска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Методиј;

7. Европска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Пимен;

8. Брегалничка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Иларион;

9. Тетовско-гостиварска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Јосиф;

10. Кумановско-осоговска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Григориј;

11. Австралиско-новозеландска епархија, чиј администратор е Митрополитот Преспанско-пелагониски
г. Петар;

12. Австралиско-сиднејска епархија, чиј администратор е Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Со 12-те епархии на МПЦ управуваат Архиепископот и девет Митрополити на кои моментално, покрај викарните Епископи, им помагаат околу 600 активни свештеници во околу 500 парохии со повеќе од 2000 цркви и манастири. Од почетокот на деведесеттите години на 20. век, во Македонија се возобнови и монаштвото, кое сега брои околу 200 монаси и монахињи, кои организирани во братства и сестринства низ манастирите под јурисдикција на МПЦ-ОА, во молитва и монашки подвиг го чуваат живото светоотечко Предание.

МПЦ-ОА има две образовни институции, средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, кои продолжувајќи ја просветителската мисија на Охридската Светиклиментова школа, согласно современите текови на теолошките науки, во апостолски дух, секоја година обучуваат млади теолози, учители по веронаука и свештеници за пастирските потреби на нашата Помесна Православна Црква.