Вечерна служба за празникот на свети Василиј Велики во Струмица (13.01.2023 09:18)
Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи празнична Вечерна служба во чест и спомен на светиот Василиј Велики во соборната црква „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица.
Светите мошти на Светителот беа изнесени за целив и поклонение на верниот народ.
Владиката на присутните им подели лепчиња во кои имаше сребрена паричка со ликот на свети Василиј за сите луѓе.