Божествена Литургија во Ново Село (04.03.2023 18:29)
Денес, на Тодорова сабота, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.