Божествена Литургија во Водоча (08.11.2025 21:04)
Денес, кога Црквата го чествува споменот на Св. Вмч. Димитриј, и кога дојде време Господ да твори, Богочовекот Исус Христос, преку Митрополитот Струмички Наум и Црквата собрана околу него, во Светиот Дух, служеше Евхаристија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и св. Леонтиј Ерусалимски“ во Водоча.
После Светата Евхаристија верниот народ ги целиваше моштите на нашиот свет Старец Георгиј Григоријатски кои ги добивме како благослов од манастирот Григоријат на Света Гора.
На монашкиот собир после Божествената Литургија нашиот Духовен отец нѐ потсети дека: во послушание на Старецот се останува до отворањето на срцето за умно-срдечната молитва, но, почитта, љубовта и личната заедница со Старецот се вечни. Исто како и почитта, љубовта и личната заедница со браќата од манастирот.



