Архиерејска Божествена Литургија на Попова Шапка (05.01.2026 20:45)
Денес, кога Црквата го слави празникот на Свети Наум Охридски, во неговиот манастир на Попова Шапка, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Епископот Стобиски г. Јаков, отслужи Света Божествена Литургија. Празнична беседа одржа Епископот Стобиски г. Јаков.
На Литургијата присуствуваше голем број верен народ, кој се причести со светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, архиереите заедно со свештенството ги благословија кумските лебови.
На богослужбата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.

