Јаковова Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Јаковова Божествена Литургија во Струмица (11.01.2026 20:51)

Денес, во Неделата на Светите Богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот праведен Јосиф Обручник, светиот цар Давид, светиот апостол Јаков, брат Господов и светите четиринаесет илјади младенци маченици во Витлеем, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Литургија на светиот апостол Јаков, брат Господов, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.