За празникот на свети Сава во Париз, Франција (27.01.2026 18:50)
Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во предвечерието на празникот на Свети Сава, првиот српски архиепископ, претстоеше на сеноќното бдение, а утредента началствуваше со Светата Божествена Литургија, во сослужение на Епископот Западноевропски г. Јустин, во соборната црква „Свети Сава“ во Париз, со што свечено беа заокружени Светосавските денови.
Голем број верници дојдоа да го одбележат празникот посветен на првиот српски архиепископ и голем духовен просветител.
По завршувањето на Светата Литургија беше прекршен славскиот колач и беа осветени славските дарови по повод храмовата слава на соборната црква „Свети Сава“.
Епископот Јустин ги одликуваше професорот д-р Дарко Танасковиќ, како и г-ѓа Станица Милисављевиќ и г. Стеван Јаковљевиќ со Видовденското одличје на Западноевропската епархија, додека повеќе заслужни парохјани беа наградени со архијерејски грамоти.

