Божествена Литургија во Маркова Сушица (10.03.2025 12:17)
Денес, во Неделата на Православието, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, на покана на Неговото Преосвештенство, Епископот Дремвицки г. Давид, отслужи Божествена Литургија во Манастирот „Успение Богородично“, во с. Маркова Сушица, во сослужение на Епископот Дремвицки г. Давид. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.