Божествена Литургија во Ново Село (22.11.2025 09:59)
Денес, кога Црквата си спомнува на преподобната Матрона Цариградска и на свети Нектариј Егински, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот на „Свети Антониј Велики и свети вмч. Георгиј Победоносец“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


