Архиерејска Божествена Литургија во Дидимотихо, Грција (28.12.2025 18:35)
На покана на Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков денес служеше Божествена Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во градот Дидимотихо, Република Грција, на празникот на свети Јосиф Обручникот, свети пророк Давид и свети Јаков брат Господов, во сослужение на надлежниот Митрополит, како и со свештенството и монаштвото од Митрополијата на Дидимотихо и од Струмичката православна епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата владиците присуствуваа на Божикниот концерт организиран од катихетската школа при епархијата и на учесниците им поделија божикни подароци.



