Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

12:6-14

6. Според дадената благодат имаме разни дарови: ако е до пророштво, тогаш нека биде според верата;
7. служба ли, нека служи; учител ли е – нека учи;
8. наставник ли е – нека утешува; дарител ли, нека дарува; управител ли е, нека управува; кој што прави, нека го врши тоа со добра волја.
9. Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто;
10. еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
11. Во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа;
12. бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;
13. помагајте им на светиите во нивните нужди; трудете се да бидете гостопримливи;
14. благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги, но не и да ги колнете.