9:19-27
| 19. | Зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам: |
| 20. | на Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и нив; |
| 21. | за оние што се без закон, станв како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христа, за да ги придобијам и оние што се без закон. |
| 22. | За слабите станав како слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сe, та по каков и да било начин да спасам некого. |
| 23. | А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него. |
| 24. | Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. |
| 25. | Секој што се бори, од сe се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние – траен. |
| 26. | Јас, пак, сe така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар; |
| 27. | туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден. |