1:1-17
| 1. | Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото. |
| 2. | Тоа во почетокот беше во Бога. |
| 3. | Сe стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. |
| 4. | Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. |
| 5. | И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати. |
| 6. | Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога; |
| 7. | тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. |
| 8. | Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината. |
| 9. | Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов. |
| 10. | Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна. |
| 11. | Дојде при Своите и Своите не Го примија. |
| 12. | А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји: |
| 13. | кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија. |
| 14. | И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. |
| 15. | Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!” |
| 16. | И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат; |
| 17. | зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа. |