4:18-23
| 18. | И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, |
| 19. | и им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.” |
| 20. | И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. |
| 21. | Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во Кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика. |
| 22. | И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. |
| 23. | И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот. |