1:24-38
| 24. | По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: |
| 25. | Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето. |
| 26. | А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет, |
| 27. | при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ? беше Марија. |
| 28. | И кога влезе ангелот при неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” |
| 29. | А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: „Каков е овој поздрав?” |
| 30. | И ? рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; |
| 31. | и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус. |
| 32. | Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида; |
| 33. | и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.” |
| 34. | А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?” |
| 35. | Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. |
| 36. | Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ? е веќе шести месец; |
| 37. | зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.” |
| 38. | Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа. |