12:1-10
| 1. | Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, |
| 2. | имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. |
| 3. | Помислете, пак, на Оној, Којод грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не опаднете духом! |
| 4. | Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв, |
| 5. | и сте ја заборавиле утехата, која вам, како на синови, ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува, |
| 6. | зашто Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима”. |
| 7. | Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што таткото не го казнува? |
| 8. | Ако, пак останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. |
| 9. | Ако се плашиме од нашите татковци, кога нe казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? |
| 10. | Зашто тие нe казнуваа за малку денови, според тоа како им беше угодно; а Он – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. |