15:21-28
21. | И синот му рече: »Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!« |
22. | А таткото им рече на слугите свои: »Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; |
23. | Па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, |
24. | оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде«. И почнаа да се веселат. |
25. | А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. |
26. | Па, како повика еден од слугите, го праша: »Што е ова?« |
27. | А тој му рече: »Брат ти си дојде и татко ти закла угоено теле, оти го виде здрав.« |
28. | Тој се налути и нејќеше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. |