10:9-16
| 9. | Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде. |
| 10. | Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие. |
| 11. | Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците; |
| 12. | а наемникот, кој не е пастир, и кому овците не се негови, види ли волк да иде, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. |
| 13. | Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. |
| 14. | Јас сум добриот Пастир: и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене. |
| 15. | Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и душата Своја ја полагам за овците Свои. |
| 16. | И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир. |