Пролог: Преподобен Елиј
 

 

Житие: Преподобен Елиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Мисирски монах од 4 век. Од раната младост се посвети на монашки подвизи во пустината, така што со својот живот и со моќните чуда предизвика восхит кај мирјаните и кај монасите и иако бегаше од човечка слава, не можеше да се скрие. Имаше големи борби со ѓаволските прелести, особено за време на долготрајниот п/ост. Ѓаволот му прикажуваше час мед час прекрасни јаболки, но тој не даваше да биде измамен. Имаше дар на проѕорливост, гледаше во човечките срца и ја погодуваше сечија страст и помисла не за да го покаже своето таинствено знаење, но за да ги исправи луѓето.

Тропар
Срцезналецот Христос вистинскиот Бог, гледајќи го светиот подвиг твој, те воведе во пустината каде душа ти искали и срце ти очисти, а ти, Елие, Божји човеку, слава воздаде, и Името Негово насекаде како мирис благоухан го раздаде, за браќа да се спасуваат и народ кон спасение приведен биде. По неговите молитви свети, Господи Боже, спаси ги нашите души.