Пролог: Преподобен Никодим Светогорец
 

 

Житие: Преподобен Никодим Светогорец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се родил во 1749 година на кикладскиот остров Наксос. Неговите родители Антонија и Анастасиј Каливурси биле благочестиви христијани. На Крштението го добил името Никола. Високо образование стекнал во малоазискиот град Смирна, каде што учел богословие и учел јазици. Поради угнетувањето на христијаните во Измир бил принуден да се врати во своето родно место. Во 1775 година заминал на Света Гора и во манастирот Дионисијат примил монашки потстриг, добивајќи го името Никодим. Како монах бил познат по своите кротост и смирение. Ја напишал книгата „Невидлива борба“. Се упокоил во 1808 година. Неговата глава се чува во Кареја, а остатокот од моштите се наоѓа во манастирот посветен во негова чест, во областа Гуменица.

Тропар
Ревносно служејќи на Словото Божјо, ја надмина секоја овоземна наука, опитно хранејќи се од благодатта Христова. Живот преподобен имајќи на Гората света, уста медоточна од Господа доби, и стана светилник што нам духовниот живот во писание ни го остави. Богоносен Никодиме, подвиг на подвиг додаде, а пред Христа за ништо се сметаше, затоа Он Царство Небесно ти подари, од каде ти сега за наше спасение моли се.