Пролог: Преподобен Леонид Устнедумски
 

 

Житие: Преподобен Леонид Устнедумски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој руски Светител од младоста се подвизуваше во неколку манастири: во Соловецкиот, Мирожскиот и др. Најпосле основа свој манастир на реката Луга во Вологодската губернија. Се подвизуваше тврдокорно додека душата не му се исполни со благодатната светлина и сила на Светиот Дух. Како голем светилник привлече многумина кон подвижничкиот живот. Наречен е Устнедумски бидејќи еднаш кога го касна отровна змија тој за тоа не сакаше ни да мисли ни да зборува, па остана жив. Откако Му угоди на Бога, се престави мирно на 17 јули 1653 година. Неговите мошти почиваат во неговиот манастир.

Тропар
Пресветата Патеводителка го понесе животот твој по патот на спасението, правејќи од тебе Христов воин кој за нас колена ќе преклонува пред Господа, о Леониде оче наш преподобен, а ти со Иконата Нејзина Одигитрија на градите, и Христа во срцето, устрои со Божја помош храм за молитва и спасение, на кого и денес се виори знамето на победата Господова.