Spisanie "Premin" br. 35-36
 
 
 
 
 

 

Македонија, 2006:

АВАНТИ ПОПУЛИ

Освен генерациите родени по 90тите, сите што денес живееме на територијата на Македонија сме ја поминале политичката школа на марксизмот, којашто, меѓу другото, нè инструираше дека црквата е опиум за народот.

Оваа ленинистичко-болшевистичка фраза, слична на обичајот да се фатиш за копче кога на улица ќе видиш поп, имаше за цел како прво да го оттргне народот од верата, и како второ, колку е можно повеќе, да му го всади суеверието на местото на здравата вера во Живиот Бог.... Познато е дека каде што нема вера, суеверието цвета. И не заради некаква причинско последична поврзаност, но духовната дезориентираност на народот, ја сведе неговата моќ за политички или економски избор на минимум... И сè ќе беше во ред доколку го пренебрегневме фактот дека марксизмот, односно идејата за комунизмот, многу слично на она што денес како пропаганда се обидува да го направи Кодот на Да Винчи , е производ на конспиративното анти-христијанско лоно, од каде што нема – нема, па ќе се испука по некој ваков проектил за евентуално соборување на противникот, небаре Голијат од немукает си ја искушува среќата, по цена на крајот сам да мора да ја пишува историјата. А за да не нè обвинат дека сме склони кон теории на заговор, на наша страна е фактот дека токму Македонија денес, во своето реал-политичко милје е полигон на кој се вкрстуваат копјата на разни светски сили, коишто, ако почнеме да ги редиме, ќе заскитаме во баналноста на еден обичен час по елементарна географија.

Македонскиот јазол може да го пресече само таков посветен прометеј, кој би бил доволно политички зрел да го прочита духот на времето и од овој деликатен историски вртлог, налик на мојсеевата пустина, да е кадар да го изведе народот до ветената земја, без непотребни утопистички застранувања по пат.

За крај, еве ја пораката на Црквата пред овие парламентарни избори 2006:

Кога ќе гласате, молете се за вашите ближни, заради нив Господ и вас да ве помилува. Молете се за оние на кои им ја давате својата доверба, Господ да им го просветли разумот и да им даде љубов и духовна сила за распознавање на доброто и злото. По вашите молитви Господ да биде со нив, амин!

П.С: Сила Бога не моли.
Но и Бог таквите не ги сака.

Уредникот

 

 

Содржина

 

Уводник / Аванти Попули / уредникот

Не се сите Апостоли...

Улогата на цар Јустинијан I…
Митрополит Струмички г. Наум

Етичките доблести во филозофијата на свети Јован Лествичник јеромонах Јосиф

Вести

Писмо и текст на македонски јазик стари 2200 години

За животот по смртта / Митрополит Јеротеј Влахос

Писмо до мојот пријател / Јанко Илковски

Забрана на летање змаеви / Тања Битољану Плавшиќ

Вториот звук на трубата / Старец Јосиф

Plaku Sofroni

За духот и животот / Старец Софрониј

Мали житија