Spisanie "Premin" br. 37-38
 
 
 
 
 

 

Остварувањето на `новиот начин на постоење` станувањето Личност, ослободена од условеноста, даденоста на егзистенцијата, е цел на човековиот живот.

Не го барам она што е ваше, туку вас … (2 Кор. 12, 14)

Напредок

  Колку ли само анахроно и дегутантно се чини прашањето за нелегитимноста на МПЦ, во време кога мешањето на политиката во Црквата е нешто толку вообичаено, што светот престана да се чуди како е можно после молитвата за појадок, од картата на светот да исчезнуваат градови, села, реки, цели историски поглавја, како никогаш и да не ги имало! Колективното несвесно, митовите, легендите и целиот тој збир од историски ужаси, остануваат единствениот сигурен гарант на националната безбедност.

Светот ги признава војните, макар и да се неправедни.

Прашањето, пак, на бирократската природа на нашата не-легитимност, додека нашата околина има заштитен знак над името и сопствената генеза, како печат на својот идентитет, во својата најпроста форма би гласело 'мора да сме различни од сите? ' Не е можно сите други да имаат криза на идентитетот! (socius – друг) Затоа, пред да го напишете во google сопственото име, најпрво проверете го датумот и местото. Приказната за струмичката мастика и традиционалниот македонски ајвар, не само на мрежата, ќе ви се појават како бугарски, т.е. словенечки бренд.

Значи, дијагнозата би гласела – интеррегионална криза на социјалниот идентитет на сите кои за себе мислат дека се нешто друго. Ова добро би легнало во едно американско милје, со нивните 'alien', 'E.T.' и слични 'ти' феномени. Или пак, види чудо, каква необична тафтологија во глобалниот тренд за водење дискретни свети војни – јакузи мафијата против џихадот и култниот Запад, патем, христијански! Дали при тоа се користи науката или економијата, светската берза, за производство на што е можно пософистицирано оружје (цунами, климатски промени, обични земјотреси и сл.), или објектот на напад директно се гаѓа во мозок, тоа е прашање на стил. Како во нашиот случај, кога 99% од нашето културно-историско богатство е на сигурно (експонирано) во музеите насекаде низ светот.

Од силните анализи, за окружувањето, за интерферентноста, за регионот, за мистериозно затскриената, необјаснива промисла за тоа зошто сме во ваква стерилна пат позиција, за војната со невидливите (големи) сили, да ја пренасочевме таа енергија во сферата на креативноста постигнувајќи резултати во спортот, филмот, музиката.... ќе го одбраневме идентитетот по заобиколниот пат на себепризнавањето... Вака, култот на А. Македонски не само што не ни помогна, туку само ни направи непотребна збрка, одземајќи ни скапоцено време, коешто неповратно истекло... во вид на несинхронизиран почеток на востание. Брендот од Виргина доживеа невидена фрустрација во агенцијата за авторски права, и тоа сè уредно се издепонира во некој сеф на зградата на ОН...

Ако ни е за утеха, Европа и онака оди во насока на укинување на ...нациите. Ние сме толку напредни, што, знаејќи за тоа постинтегративно укинување, се поштедуваме себеси од напорот на непотребно претходно прогласување, конституирање, афирмирање, федеративност, и не дај Боже, либерте, егалите и фратерните. Одиме директно со невиден концепт на cyber динамичен прогрес, толку сме напредни што е доволно само да седиме во место и да чекаме останатите да нè стигнат.

Уредникот

 

 

Содржина

 

Уводник / Напредок / уредникот

Празникот на македонските Светители

Македонија / Апостолската визија за соборност
Paul Sidebottom

Етичките доблести во философијата на св. Јован Лествичник јеромонах Јосиф

Конфронтациите... / јеромонах Григориј

Вести од православниот свет

За воспитувањето на децата / св. Јован Златоуст

Иконата е

Изреки од светите Отци

Третиот звук на трубата / Старец Јосиф

Македонскиот јазол / Ханс-Лотар Штепан

Козји уши! / Јанко Илковски

Патници / Тања Битољану Плавшиќ

Васил Иванов Бојаџиев / Д-р Јане Коџабашија

Plaku Sofroni

За духот и животот / Старец Софрониј

Една причина „за“ / Жарко Јорданоски