Spisanie "Premin" br. 39-40
 
 
 
 
 

 

The ancient territory of Macedon included, in addition to the areas of the present-day Republic of Macedonia, large parts of present-day northern Greece and southwestern Bulgaria. This ancient kingdom reached its height during the reign of Alexander III ("the Great"), who extended Macedon's influence over most of Asia Minor, the Levant, Egypt, Mesopotamia, Persia, and even parts of India. After Alexander's death in 323 BC, the Macedonian Empire gradually declined, until Rome conquered it in 168 BC and made it a province in 148 BC.

Од web site–от на Владата на САД
http://www.state.gov

http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm

 

 

 

Гордиев јазол на наш начин

Во 2007 година се навршуваат 40 години откако Црквата на овие простори се прогласи за автокефална, односно МПЦ го доби статусот каков што го имаат сите останати православни заедници во регионов и пошироко.

Исто така 15 години откако во Обединетите Нации сме заведени под името БЈРМ.

59 години откако беше извршено трето етничко чистење врз македонското население во грчкиот дел од Македонија.

94 години од последната балканска војна во 1913 година.

6 години од етничкиот прогон извршен во денешна северозападна Македонија (десетици илјади Македонци протерани од нивните огништа).

Што е сето ова во споредба со Вечноста?

На едно друго место, по повод еден друг јубилеј, се раскажува дека светиот Јован Колов, кога дошол кај некој познат старец во Тивејскиот скит, овој му го зел стапот, го насадил во земја и му рекол:

- Полевај го секој ден стапов, сè додека не даде плод.

Водата била толку далеку од скитот што св. Јован одел навечер, а се враќал изутрина. И така, по три години, стапот оживеал и дал плод. Старецот, откако зел од плодовите, ги однел во црквата и им рекол на браќата:

- Земете, јадете од плодот на послушноста.

Можеби во нашава балканска мешаница, Господ го става на проверка нашето трпение и како поединци, и како народ? Наше е да го полеваме дрвото.

Без разлика дали ќе биде сменет спорниот член 8 од предлог-законот за верски заедници, наше е да бидеме упорни.

И да не изумиме дека што и да се случува, особено во вакви историски мигови, на небесата е Отецот Кој нè љуби, Оној Кој создаде сè НИ ОД ШТО и во Чијашто волја е сета Вселена и секое влакно човечко. Човек во секој миг може да го измени сиот свој живот. Покајанието на разбојникот на крстот, зависеше единствено од неговиот подвиг со вера.

 

Христос се роди!

 

 

Содржина

Уводник / Гордиев јазол на наш начин / уредникот

Божиќ

Православието и човековите права / Архиепископ Анастасиј

Конфронтациите на традицијата и културата со животот во Црквата / јеромонах д-р Григориј

Икона и телевизија / Дарко Белев

Нека биде понеделник / Јанко Илковски

Македонскиот јазол / Ханс-Лотар Штепан

Четвртиот звук на трубата / Старец Јосиф

За духот и животот / Старец Софрониј

Plaku Sofroni

Вести од православниот свет

Мали житија