Spisanie "Premin" br. 43-44
 
 
 
 
 

 

Уводник

Политичко зреење: сè додека не се разреши статусот на Македонија како држава во однос на Европската Унија, нашата Црква нема да го добие томосот за автокефалност, но тоа значи само едно: во периодот на преостанатото чекање уште повеќе да созрееме во молитвата и љубовта за сите .

 

ЕСТОНИЈА И НИЕ

 

Кога би требало на некој Естонец да му ја објасниме моменталната гео-политичка положба на РМ, веројатно како појдовна точка за географско-историска ориентација најдобро би ни послужила паралелата направена помеѓу двете надалеку познати федерации од екс-комунистичкиот блок: едната на бившите советски републики, а другата на некогашните јужнословенски.

На најјужниот југ северно од Грција и источно од Албанија, под еден класичен јаболковиден сончев сплет од црвено-жолти зраци, кохабитираат неколку ендогени народи меѓу кои - турскиот, српскиот, влашкиот, ромскиот, албанскиот, македонскиот (и други). Во оној момент кога припадниците на сите овие народи коишто живеат на малиот простор од една кружница со радиус од стотина километри, и заради тоа си се речиси втурнати во взаемна прегратка на интереси, значи тогаш, кога тие ќе успеат да усвојат заеднички устав којшто ќе им биде на сите по мерка и ќе ги задоволува интересите на сите подеднакво, и кога тој устав ќе биде заснован на парламентарни принципи (принципи на разговор) а не на варварски (војна, уцени, закани), и кога заедничкиот живот ќе биде последица на слободен избор и волја, а не сплет на принудни околности (политичко-географско-историски бројки и статистики), можеби тогаш, добивајќи го својот ‘рбет, државата ќе профункционира како организирана целина, а народите ќе се обединат во нација којашто конечно ќе го има својот неспорен идентитет, оној за кој сонувале сите локални патриоти што себеси се сметале пред сè, за граѓани на светот, а потоа и на помесната татковина.

И веројатно, нашиот разговор со г-динот Естонец тука некаде и би завршил, бидејќи ако судиме според наводот од св. Фотиј од почетокот на текстот за естонскиот томос - „Вообичаено е да се сменат границите на Црквите при промената на политичките ентитети и администрации“ - причината поради којашто МПЦ не го добива сертификатот за афтокефалност е и повеќе од банална - нерешениот спор околу името со соседна Грција (членка на ЕУ). Сè додека државата не стане полноправна членка на ЕУ, МПЦ ќе мора да чека.

Но, барем трпението го имаме на претек.

 

уредникот

 

Содржина

Уводник: Естонија и ние / уредникот

Томос – помеѓу историјата и реалноста /
сестра Макрина

Репортажа: Кападокија / Ефес

Без Македонската Црква нема опстој на народот и државата / Митрополит Полошко-кумановски г.Кирил

Премин Галерија

Верата среде судирот на културите / Faith Amid the Clash of Cultures / Paul Sidebottom

Исцелител / о. Игор Соловеј и
психолог Људмила И. Сухоцка

Старозаветната Црква / о. Стефан Љашевски

Петтата труба / старец Јосиф Спилеот

Поуки / старец Јосиф Ватопедски

Агиоритското просветителство на преподобен Кирил Пејчиновиќ / Милан Ѓорѓевиќ

Никола Порјазов / д-р Јане Коџабашија

Ноќни разговори / Јанко Илковски

Важна е розата / Тања Битољану Плавшиќ

За духот и животот / Старец Софрониј

Për shpirtin dhe jetën / Plaku Sofroni

Житија: Светост во нашето време / Новомаченици

Вести од православниот свет