Spisanie "Premin" br. 47-48
 
 
 
 
 

 

Уводник

ПРОСТУВАЊЕТО И ЉУБОВТА - ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОСТ

Илјада причини за Пост

(ПОСТОТ Е НАШЕТО ОРУЖЈЕ)

Постот е самодисциплина, вежба нашето да да биде да а нашето не да биде не.

Постиме заради Бог, и заради себе, за да бидеме подобри, поздрави, и на крајот на краиштата, поубави. За да ја исполниме Божјата волја. Постиме за да се д o ближиме до Христос. За да ги скротиме страстите, да им ја одземеме силата, и силата да ја пренасочиме кон смирение. Постиме за да имаме храброст да љубиме. Постиме зашто кркорењето на цревата е музика за умот во споредба со маката на преполнетиот желудник. Постиме за да бидеме среќни со малку. Постиме за да се сеќаваме на рајот. Постиме, за да созададеме атмосфера на покајание внатре во себе.

Постиме за да бидеме посилни од смртта. Постиме за да се видиме себеси. Да видиме колку можеме да издржиме без. Постиме заради тренинг на соспственото јас. За да ни се открие тајната на нашето постоење, дека постоиме заради љубов, врз којашто се наталожила прашината на гревот. Постиме за да имаме власт над сопственото мени . Постиме заради убавината на едноставните рецепти. Неоптоварени со утопијата, надреализмот и неоригиналноста на модерната прехрамбена индустрија. Постиме за да си го поедноставиме животот, што во голема мера прераснал во трка по пари. Постиме за да научиме како да ги заобиколуваме скриените стапици на светот. Постиме за да се исчистиме од непотребните желби, и од нашето изобилие да му дадеме на оној што нема.

уредникот

 

Содржина

Уводник / уредникот

Светите Отци за постот

За време на постот и молитвата /
Свети Григориј Палама

Репортажа: Пештерите и светињите
на Киево-Печерската Лавра

Аскетскиот плач на митарот / Вистинско сведоштво / Митрополит Струмички Наум

Рововска војна / д-р Драган Михајловиќ

Премин Галерија

Светоотечка ризница

Игумен Партениј / Болести на зависност во современиот свет

Траги / Јанко Илковски

Се исполнува преродбенскиот аманет /
д-р Јанe Коџабашија

Вести од православниот свет

Житија : Киево-Печерски Светители