Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (04.01.2024 16:50)

Денес, кога Црквата го празнува споменот на Свети Наум Охридски, Митрополитот Струмички г. Наум началствуваше со Божествената Литургија на која му сослужуваа викарните Епископи г. Давид Дремвицки и г. Јаков Стобиски во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.