Вечерна богослужба во чест на свети Василиј Велики во Струмица
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во чест на свети Василиј Велики во Струмица (13.01.2024 15:19)

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи празнична вечерна служба во чест и спомен на Свети Василиј Велики во црквата „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица. Верниот народ се поклони пред светите мошти на Светителот кои ќе бидат изнесени во храмот. Владиката на сите присутни им подели лепчиња со сребрена паричка со ликот на Свети Василиј Велики.