Сеноќно бдение во Ново Село
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во Ново Село (31.01.2024 12:31)

Во чест на преподобен Антониј Велики, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и се поклони пред светите мошти на Светителот.