Божествена Литургија во Делчево
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Делчево (12.02.2024 19:33)

Денес, кога Црквата го празнува споменот на Трите Свети Архиереи, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Делчево, Митрополитот Брегалнички г. Иларион началствуваше со Божествената Литургија во сослужение со Епископот Делчевско-каменички г. Марко и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.