Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (18.02.2024 21:44)

Денес, во Неделата на Закхеј, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, во сослужение со Високопреподобниот Архимандрит Данило од Српската Православна Црква, директор на Патријаршиската управна канцеларија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, Високопреподобниот Архимандрит Данило ја посети Галеријата на икони, како и храмот „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица.