Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков сослужуваше со Српскиот Патријарх г. Порфириј во црквата „Свети Симеон Мироточив“, во Белград
 
 
 
 
 

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков сослужуваше со Српскиот Патријарх г. Порфириј во црквата „Свети Симеон Мироточив“, во Белград (26.02.2024 21:52)

Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј служеше Света Архирејска Литургија во црквата „Свети Симеон Мироточив“, во Белград, Р. Србија, во сослужение со Преосветените епископи, Марчански г. Сава, Топлички г. Петар и Стобиски г. Јаков од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и многубројно свештенство и ѓаконство, во присуство на верниот народ. По Литургијата, Српскиот Патријарх го прекрши славскиот колач и се обрати на присутните со зборовите: „Во љубовта Христова сите сме Негови, но од нашето спознание дека сме Негови и дека сме во Неговата прегратка зависи дали таа прегратка ќе биде наше спасение или таа прегратка ќе биде оков и мака“, пренесува ТВ Храм.