Заупокоена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Заупокоена Литургија во Водоча (16.03.2024 14:49)

Денес, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, во параклисот посветен на Светите Григориј Палама, Јосиф Спилеот и Јустин Ќелиски, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Заупокоена Божествена Литургија за покој на душите на Бугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит г.г. Неофит и Моравичкиот Епископ г. Антониј, викарен епископ на Српскиот Патријарх и старешина на Подворјето на Српската Православна Црква во Москва.