Божествена Литургија во Банско
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Банско (22.03.2024 19:52)

Денес, во првата седмица од Великиот пост, кога Црквата го празнува споменот на Светите Четириесет маченици од Севастија и Светите Четириесет Битолски преподобномаченици, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во молитвено присуство на Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со свештенството и монаштвото на Струмичката Православна Епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.