Тодорова сабота во Берово
 
 
 
 
 

Тодорова сабота во Берово (23.03.2024 20:13)

Денес, кога Црквата си спомнува за чудото на Свети Теодор Тирон (Тодорова сабота), Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Архангел Михаил“, во Берово. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Митрополитот г. Пимен на годишниот помен отслужи панихида за покој на душата на блаженоупокоената игуманија Синклитикија.