Божествена Литургија во Пехчево
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Пехчево (17.07.2024 17:18)

Денес, на празникот на Светите Христови Апостоли Петар и Павле, во нивниот храм во Пехчево, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата присуствуваа и градоначалникот на Пехчево, г. Александар Китански и градоначалникот на Берово, г. Звонко Пекевски.