Преображение Господово
 
 
 
 
 

Преображение Господово (19.08.2025 10:43)

На празникот Преображение Господово, во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса”, во с. Велјуса, беше отслужена Света Архиерејска Литургија. На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дидимотихос, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум и на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Дремвитски г. Давид. На Литургијата, после прочитаното евангелско зачало, беседеше Митрополитот г. Наум, а на крајот се обрати Митрополитот г. Дамаскин честитајќи му ја триесетгодишнината од хиротонијата во архиерејски чин на Митрополитот г. Наум. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.