Првата руска православна црква во Рим ќе биде осветена на 19 април (07.04.2006)
На 19 април оваа година ќе биде осветен првиот руски православен црковен храм во италијанскиот главен град. Според зборовите на Гориевскиот Епископ Марк, заменик претседател на Одделот за надворешни врски на Московската Патријаршија, осветувањето на руската соборна црква во Рим, посветена на Светата великомаченичка Екатерина, ќе го изврши Митрополитот Калининградски и Смоленски г. Кирил, претседател на истиот Оддел. Во Рим живеат повеќе од 10 000 православни верници од различни националности. Извор: Интерфакс