Израилската војска изврши контрола во резиденцијата на Ерусалимскиот Патријарх во Стариот град
 
 
 
 
 

Израилската војска изврши контрола во резиденцијата на Ерусалимскиот Патријарх во Стариот град (12.04.2006)

Ерусалим.11 април. Мал одред на израелската војска во вторникот изврши контрола во резиденцијата на Ерусалимската Православна Црква во Стариот град во Ерусалим. Чета израилски војници влезе во домот на Епископот Севастиски Аталах Хана и му издаде наредба со барање да дојде на сослушување. Ерусалимскиот Патријарх решително ја осуди постапката на Израилците велејќи дека "ваквите постапки се премногу опасни, бидејќи ги нарушуваат правата на човекот и религиозната слобода".

Извор: официјалниот сајт на Ерусалимската Патријаршија