Грузија ќе го возобнови древниот грузиски манастир на Кипар подигнат од царицата Тамара
 
 
 
 
 

Грузија ќе го возобнови древниот грузиски манастир на Кипар подигнат од царицата Тамара (02.05.2006)

Грузија реши да го возобнови древниот грузиски манастир на Кипар, подигнат од царицата Тамара во 12 век. За тоа новинарите беа известени од заменикот на министерот за култура на Грузија, Ника Вачејшвили и заменикот на директорот на Одделот за културно наследство на Министерството, Паата Гаприндашвили, кои денес заминаа за Кипар.

Во Галија ќе бидат спроведени археолошки истражувања и ќе биде подготвен планот за реконструкција.

Претставниците на Министерството за култура на Грузија во Кипар ќе се сретнат со раководителите на локалните Министерства за култура, за комуникации и труд и на Одделот за заштита на спомениците на културата. Финансирањето на проектот го овозможуваат Владите на Кипар и Грузија.

Манастирот на Свети Мам (Свети Мамант) подигнат е во 12 век од царицата Тамара. За време на едното од своите патувања таа умрела овде при неразјаснети околности и била погребана. Од манастирот останале само урнатини, неколку фрески од 13 век и ѕидови од црквата на Свети Николај. Меѓутоа, секоја недела се одржуваат богослужби на урнатините на манастирот при што се собираат локалните Грузијци.

На Кипар живеат околу 6 илјади Грузијци коишто тука се доселиле во последните 15 години.

Се планира да се спроведат реставрациони работи во уште три грузиски манастири на Кипар.

известува: www.sedmitza.ru