Рим
 
 
 
 
 

Рим (20.05.2006)

 

 

Вчера, во Рим беше осветен новоизградениот руски православен храм посветен на светата великомаченичка Екатерина. Чинот на осветувањето го изврши претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Смоленски и Калининградски г. Кирил. На свечената церемонија присуствуваа илјадници православни жители од Рим, членови на дипломатскиот кор и официјални гости од Русија. Ова е прв руски православен храм во Вечниот град.

 

известува: Патриархиа.ру