Востоличен е новиот Архиепископ на Чешка и Словачка
 
 
 
 
 

Востоличен е новиот Архиепископ на Чешка и Словачка (29.05.2006)

 Вчера, во прашкиот соборен храм посветен на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј се одржа востоличување на Неговото Блаженство г. г. Христофор, Архиепископ Прашки и Митрополит на Чешка и Словачка. На свеченостите во чест на востоличувањето на новиот Поглавар на Православната Црква на Чешка и Словачка учествуваа официјални делегации на сите помесни Православни Цркви. По завршувањето на Божествената Литургија беа прочитани поздравните слова на  Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и на Рускиот Патријарх Алексиј II.

Православната Црква на Чешка и Словачка (до 1992 година Чехословачка  Православна Црква) доби автокефалија од мајката Црква – Руската Православна Црква во 1951 година. Денес, во составот на Православната Црква на Чешка и Словачка влегуваат 4 епархии во кои има 166 парохии со 184 храмови на територијата на Чешка и Словачка.

 

известува: Православие.ру