Александрискиот Патријарх ја посети Грција
 
 
 
 
 

Александрискиот Патријарх ја посети Грција (30.05.2006)

Александриски патријарх ТеодорПри својата посета на Грција, во четвртокот на  25.05.2006 година, Патријархот на Александрија Теодор оствари средба со Атинскиот Архиепископ Христодул. При оваа средба Александрискиот Патријарх го покани Архиепископот Христодул на осветување на патријаршиската резиденција во Каиро којашто неодамна беше реновирана. Тие исто така дискутираа за мисионерската дејност во Африка. Александрискиот Патријарх му се заблагодари на Поглаварот на Грчката Црква за помошта што ѝ ја пружа на Александриската Патријаршија.

 

известува: RNN