Епископот Иринеј востоличен за Архиепископ Критски
 
 
 
 
 

Епископот Иринеј востоличен за Архиепископ Критски (25.09.2006)

 

Во неделата беше извршено востоличувањето на новиот Архиепископ Критски г. Иринеј, кој го наследи г. Тимотеј на оваа позиција. Новиот Критски поглавар и поранешен Митрополит Кидонски и Апокоронски беше срдечно поздравен од страна на политичките и воените власти, на Критските архиереи и илјадниците верници. „Јас дојдов да служам. Не барам од вас ништо. Сакам да им бидам брат, пријател и родител на сите, “ рече Архиепископот додека свештенството и мирјаните извикуваа „достоен.“

   

                               

Новиот Критски Архиепископ, г. Иринеј, на чело на литија низ улиците на Ираклион кон соборната црква на Св. Мина, кадешто вчера беше извршено неговото востоличување. Цариградската Патријаршија го назначи за Архиепископ Кристски минатиот месец. 73-годишниот Иринеј стапи на оваа должност по смртта на Архиепископот Тимотеј во јули оваа година. Г. Тимотеј беше поглавар на Критската Црква 28 години.

 

Известува: Ert.gr