Во Софија на студентите и предавачите на Богословскиот факултет можно е да им биде забрането носење расо
 
 
 
 
 

Во Софија на студентите и предавачите на Богословскиот факултет можно е да им биде забрането носење расо (28.09.2006)

Универзитетот во СофијаПрашањето за носење верски симболи во бугарските школски установи дури наскоро ќе биде решено. Иако кон крајот на август министерот за наука и образование Даниел Вилчев најави дека ќе предложи измени во законот со коишто директно ќе се забрани носење на какви било верски симболи во училиштата и универзитетите во Бугарија, институциите и општествените организации од кои зависи решението на тоа прашање сеуште не дојдоа до едногласна оценка на проблемот. Засега преовладува мислењето дека раководството на секоја конкретна школска институција треба да донесе решение за себе. Во врска со неодамнешната одлука на ректорот на Пловдискиот медицински универзитет да им забрани на странските студентки носење муслимански шамии во универзитетот, рекоторот на Софискиот универзитет меѓу другото изјави дека иако во рамките на Софискиот универзитет постои Богословски факултет тој нема да толерира одење во расо на универзитетот. Поглаварството на Бугарската Православна Црква сеуште не се изјасни по однос на ова прашање. 

 

Извор: Patriarhia.ru