Заедничко соопштение на секретарите на Комисиите за дијалог на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква
 
 
 
 
 

Заедничко соопштение на секретарите на Комисиите за дијалог на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква (29.09.2006)

На 28 септември на сајтовите на службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија и на Руската Задгранична Црква беше публикувано заедничко соопштение од страна на секретарите на Комисиите за дијалог на двете Цркви, протоерејот Николај Балашов од МП и протоерејот Александар Лебедев од РЗЦ. Како што се забележува во соопштението, свештеноначалствата на МП и РЗЦ на самиот почеток на преговарачкиот процес се договорија, заради конструктиво развивање на преговорите, документите изработени од соодветните Комисии да се публикуваат со заемна согласност на двете страни, а по претходно утврдување на нивната содржина. Затоа, „неодамнешната публикација на текстот на еден од документите, отпосле прегледан од страните во преговарачкиот процес, сведочи за недобросовесниот однос на поедини лица кон јасно изразената волја на свештеноначалствата и стремежот да се наруши довербата меѓу одговорните учесници во преговорите.“ Во документот се потцртува дека сите основни постулати во „Актот за канонско единство“ претходно веќе биле публикувани во форма восогласена од двете страни. Без оглед на ова нарушување на црковната дисциплина, преземено со цел да се препречи процесот на дијалог, двајцата секретари ја изразија својата увереност за понатамошно успешно развивање на дијалогот. Според нив наскоро ќе се одржи редовна средба на Комисиите на којашто ќе биде продолжено разгледување на прашањата поврзани со востановувањето на целосно канонско и евхаристиско единство на помесната Руска Црква.

 

Известува: Patriarhia.ru