Резултатите од првиот круг на избори за нов поглавар на Кипарската Црква сеуште не се ратифицирани (03.10.2006)
На 29 септември Светиот Синод на Кипарската Православна Црква не ги ратификуваше резултатите од првиот круг избори за нов поглавар. Причина за тоа беа многубројните протести заради нарушувањето во избирачкиот процес. Ваквата одлука на Синодот не е неочекувана. Главата на Синодот, Митрополитот Пафски Хризостом, изјави дека веќе е спроведена истрага по однос на 79-те протести. Тој соопшти дека на членовите на Синодот ќе им биде доставена документирана информација за сето тоа, а потоа тие ќе му го изложат нему своето гледиште по ова прашање. Сепак, Митрополитот Хризостом смета дека е малку веројатна можноста за промена во резултатите на изборите. Најмногу соопштенија за нарушувања во изборите стигнаа од Митрополитот Кикски. Се очекува тој да гласа против ратификацијата на изборните резултати доколку неговите многубројни протести не бидат разгледани и задоволени. Тој веќе му испрати писмо на државниот јавен обвинител. Во документот се соопштува за нарушувањата кои, според Митрополитот, се случувале при отворањето на гласачките сандачиња и при броењето на гласови. Не е исклучено при проверката на изборите да биде вклучена и независна правна експертиза.